Бегалците во македонските кампови: неизвесност, страв и надеж за подобро утре

Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци. Нови бегалци не влегуваат во Македонија, но останува отворено прашањето дали на земјава може да и се случи нов бран на бегалци.

 

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.

 

civica mobilitas logoВидеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.