“АКТИВ“ – веб платформата за граѓански активизам наскоро на Интернет

Се чита за 0 мин.

Четиринаесет претставници на граѓански организации од земјава и активисти - индивидуалци учествуваа на првиот дел од работилницата посветена на користењето на он-лајн платформите за граѓански активизам од областа на човековите и малцинските права. Меѓу другото, учесниците имаа можност да се запознаат со начините на користење на интерактивната веб платформа www.aktiv.org.mk создадена од МИМ, чијашто експериментална верзија веќе може да се види на Интернет.

Цел на АКТИВ е да го поттикне граѓанскиот активизам, преку создавање на оваа он-лајн заедница, меѓусебно помагање и поддршка на активистите, креирање на мултимедијални веб содржини (текстови, видео, аудиоподкасти, создавање на он-лајн петиции, каузи, истражувања, итн.) поврзани со човековите права и правата на малцинските групи во земјата, како и поврзување и промовирање на овие содржини преку социјалните мрежи, другите веб платформи, но и во традиционалните медиуми. По летните одмори, официјалната верзија на платформата ќе биде промовирана пред пошироката јавност во земјата.

Веб платформата АКТИВ и  работилниците за он-лајн активизам се дел од регионална програма за поддршка на медиумски проекти фокусирани на човековите и малцинските права, што се спроведува од Интерњуз.