Човековите права во фокусот на соработката помеѓу медиумите и граѓанските организации

Се чита за 0 мин.

Медиумите и граѓанските организации коишто работат во областа на човековите права, ќе имаат можност поблиску да соработуваат и да изградат ефикасни релации за промоција на човековите права и на слободата на изразувањето преку проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“. Активностите ќе ги спроведува Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Центарот за независно новинарство од Букурешт, Романија во текот на оваа година.

Целта на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанските организации преку отстапување поголем простор за нивните активности во медиумите, но и да ги поттикне медиумите да ја промовираат слободата на изразување преку професионално известување за човековите права.

Проектот нуди можност граѓанските организации и медиумите да бидат дел од повеќе активности кои вклучуваат: истражување за ставовите и проблемите во меѓусебната комуникација, учество во неколку интерактивни настани, како и заедничка изработка на Бела книга за приоритетите, потребите и формите на ефикасна соработка за промоција на човековите права. Планирано е да бидат создадени и образовни и информативни ресурси на оваа тема, а ќе се поддржат и професионални новинарски истражувања за човековите права.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Повикот до граѓанските организации, заинтересирани да се вклучат во проектот може да го најдете тука.