ПОВИК до граѓанските организации од областа на човековите права

Се чита за 1 мин.

Македонскиот институт за медиуми ги поканува сите заинтересирани граѓански организации кои работат во областа на човековите права, да се вклучат и да учествуваат во активностите од проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“.

PravaПроектот е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот кој МИМ ќе го спроведува во текот на 2013 година, е да изгради ефикасни меѓусекторски врски меѓу граѓанските организации и медиумите заради создавање широка платформа за промоција на човековите права, слободата на изразувањето и на независните медиуми. На повикот може да се пријават граѓански организации кои се активни во промовирањето и заштитата на човековите права во различни области. Од нив се очекува активно да учествуваат во проектот преку споделување идеи, информации и знаење.

Активности во кои ќе бидат вклучени граѓанските организации:

- Интервјуа со претставници на граѓанските организации кои работат во областа на човековите права за состојбата, проблемите и предизвиците при соработката со медиумите;

-Учество на национална конференција во чиишто рамки ќе се одржат дебати и работилници за подобрување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите;

-Вклучување во Работна група за изработка на Бела книга за приоритетите во соработката меѓу граѓанските организации и медиумите во насока на промоција на човековите права;

-Придонес кон веб-страницата наменета за подобрување на соработката со медиумите и на видливоста на граѓанските организации.

Проектот на граѓанските организации ќе им овозможи:

- Подобрување и зајакнување на соработка-та со медиумите, преку дебати, работилници, веб- страница и преку непосредни средби со новинари;

- Учество во националниот процес за утврдување на секторските приоритети во соработката со медиумите во областа на човековите права;

- Зголемување на видливоста на граѓанските организации во медиумите и во јавноста.

Сите заинтересирани граѓански организации треба да испратат Писмо на интерес, во кое накратко ќе ја претстават експертизата и искуството во областа во која работат, проектите на организацијата и постигнатите резултати.

Документите треба да се испратат по електронска пошта на: mim@mim.org.mk или vesnanik@mim.org.mk. За дополнителни информации контактирајте го раководителот на проектот Весна Никодиноска на телефон: 02 30 90 144 или преку е-пошта:

Повикот е отворен до 21 јануари 2013 година (понеделник).

Проектoт „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“ е поддржан од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Делегација на Европската Унија

Мито Хаџивасилев Јасмин 52в; 1000 Скопје

Тел: 02 3248 500; Fax: 02 3248 501