Интернет алатки за ефективни истражувачки приказни

Се чита за 1 мин.

Како истражувачкото новинарство може да помогне во заштита на човековите права и како да се користат можностите што ги пружаат новите технологии за прибирање податоци и ефективна визуелизација на истражувачките приказни, беа некои од темите на тридневната обука за истражувачко новинарство што ја организираше МИМ.

Ob.ohrid1

Обуката ја водеа Пол Раду, долгогодишен новинар и обучувач за истражувачко новинарство и Јоана Авадани, граѓански активист за слобода на говорот, и двајцата од Центарот за независно новинарство од Романија, заедно со домашните обучувачи Зоран Бојаровски, уредник во ТВ Алфа и Назим Рашиди, уредник во Медија Диверсити.  

Како резултат од практичната обука, новинарите во консултација со обучувачите, дефинираа повеќе теми за истражувачки приказни поврзани со различни аспекти на човековите права, на кои ќе работат во наредните неколку месеци. Целта на обуката беше да се поттикнат редакциите да продуцираат истражувачки приказни со фокус на човековите права, со што би се подобрила и соработката меѓу медиумите и граѓанските организации.

Eu WwwОбуката е дел од проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“ што МИМ го имплементира со поддршка од Европската Унија преку ЕИДХР.

 

Ob.ohrid2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid4

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid5

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid7

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid8

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid9

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ob.ohrid10