Обуки за продукција на мултимедијални содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Речиси петстотини наставници и ученици од средните училишта од цела Македонија учествуваа на обуките за продукција на мултимедијални содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието, што ги спроведуваше Македонскиот институт за медиуми, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Во текот на 2013 и 2014 година беа спроведени вкупно 15 регионални обуки, на кои преку вежби и предавања, учесниците ги изучуваа вештините за подготовка на мултимедијални Интернет производи, според основните новинарски принципи, ослободени од говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

Обуките ги реализираа тимот обучувачи од МИМ, во соработка со десеттина истакнати уредници и новинари од земјата.