Обуки за граѓански организации за застапување и комуникациски вештини

Активисти од десеттина граѓански организации во текот на октомври 2014, како дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, беа обучени за застапување и комуникациски вештини.

Обуките ги спроведоа предавачи од Македонскиот институт за медиуми, кој заедно со Институт за демократија и Институтот Охрид се партнери во проектот.  Предавањата се однесуваа на планирање на комуникациите, креирање на рамка на стратешко комуницирање, испраќање пораки до целни групи, структурирање и организација на јавни презентации.

Граѓанските активисти исто така ги проследија предавањата за комуникација со медиумите, веб активизам и пишување за веб, а секоја тема беше обработена со практични вежби и дискусии.