Новинарски стории за граѓански теми

Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, организираше еднодневна работилница за продукција на новинарски стории на теми од областите на делување на граѓанските организации кои се дел од програмата ЦИВИКА Мобилитас.

Работилницата, на која што учествуваа 7 истакнати новинари, беше фокусирана на определување на пристапот, форматот и методологијата за подготовка на новинарски истражувања на конкретни теми од сферите на делување на граѓанските организации - грантисти на ЦИВИКА Мобилитас, како што се здравствена и социјална заштита, дискриминација, заштита на животната средина, миграција итн.

Темите кои ќе ги работат новинарите во следниот период, беа идентификувани во рамки на консултативниот процес и средбите со десеттана граѓански организации, што ги организираше проектиот тим на МИМ и СКУП.

Работилницата се организираше како дел од проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува МИМ во партнерство со СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата ЦИВИКА Мобилитас.