МИМ располага со тим за едукација од областа на новинарството, комуникациите и односите со јавноста составен од дваесетина универзитетски професори, предавачи и практичари ангажирани во акредитираната „Висока школа за новинарство и за односи со јавноста(www.vs.edu.mk )чијшто основач е МИМ.
Во реализација на програмите се ангажира и менаџерскиот тим на Високата школа, како и тим соработници задолжен за техничка реализација, радио и телевизиска продукција.