Медиуми: Бизнисот во етиката, етиката во бизнисот PDF Печати Е-пошта
Сабота, 15 Октомври 2005 11:47

Медиуми: Бизнисот во етиката, етиката во бизнисот е нов истражувачки проект на Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (SEENPM) фокусиран на добрите и лошите практики во медиумскиот бизнис. Проектот беше спроведен во периодот од април до септември 2005 година, од страна на Центарот за независно новинарство Букурешт, во соработка со Центарот за развој на медиумите, Софија, членки на SEENPM, додека самото истражување го покриваше периодот од 1 јуни до 31 август 2005 година.

Проектот има за цел да ги идентификува добрите практики во бизнисот со медиумите со цел да ја зголеми одговорноста на сопствениците и менаџерите на медиумите за обезбедување на високо квалитетни новинарски производи. Исто така, целта е да се промовираат здрави деловни практики и да се постават пожелни стандарди во деловната пракса во медиумската област (фер конкуренција, транспарентност на сопственоста и на договорите за рекламирање на државните институции, транспарентноста на државните субвенции итн.)