| Советот на Европа ја усвои Декларацијата за медиумите на заедниците |
|
|
|
| Петок, 13 Февруари 2009 14:32 |
|
Комитетот на министрите за култура на Советот на Европа на 11 февруари 2009 ја усвои Декларација за улогата на медиумите на заедниците во промовирањето на социјалната кохезија и интеркултурниот дијалог.
Се очекува усвојувањето на овој документ да придонесе кон понатамошен развој на медиумите на заедниците во Европа и да ја зајакне нивната позиција во националните регулациони и законски процеси, особено во смисла на финансиска поддршка на медиумите на заедниците и нивниот пристап до комуникациската инфраструктура.
|





