| „AmCham Македонија” и Високата школа спонзорираат семинари за корпоративно управување |
|
|
|
| Петок, 27 Февруари 2009 10:45 |
|
Американската стопанска комора во Македонија („AmCham”) и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста заеднички организираат серија работилници фокусирани на корпоративното управување кои се наменети за новинарите, професионалците за односи со јавноста и за студентите во овие области. Обете организации веруваат дека ова партнерство меѓу бизнис-секторот и секторот на невладини организации ќе придонесе кон градењето здраво деловно окружување во земјата. Како асоцијација на водечки американски, меѓународни и локални бизниси кои функционираат во Македонија, „AmCham” има за цел да го подобри медиумското „покривање” на оваа тема. Членките на „AmCham” разбираат дека здравиот економски и финансиски систем во голема мера зависи од постоењето добро информирана јавност и доследен и силен регулаторен систем. Медиумите имаат неспорна улога во создавањето окружување во кое се наградуваат и се поттикнуваат високите стандарди во областа на корпоративното управување. За Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, ова партнерство сосема одговара на нејзината цел на унапредување на вештините на новинарите и на професионалците за односи со јавноста, за подигање на нивото на професионални стандарди на ова поле и за поддржување на најсовремената и релевантната едукација на новинарите. Едукативниот приод на Високата школа го претпочита моделот „практикант како професор”, со што се гарантира дека вештините што се стекнуваат во програмата веднаш може да се применат на пазарот. Повеќе информации на http://www.mimskola.org.mk/?p=216&langswitch_lang=en#more-216
|





