Веб-страница за промоција на културата и спортот во Југоисточна Европа PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 Јули 2009 10:07
Европската Комисија ја пушти во употреба веб-страницата www.southeast-europe.eu, чија намена е да ги промовира културата и спортот на Југоисточна Европа. На овој начин писателите и новинарите од регионот ќе имаат шанса, преку текстови и видео материјали, да ги информираат сите посетители на страницата за уметноста, танцот, театарот, филмската индустрија, гастрономијата, литературата, музиката и спортот во овој дел од Европа. На страницата има и календар на повеќе културни и спортски настани што се одржуваат во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија, Македонија и Турција. 

Освен вести за културни и спортски настани на страницата може да се најдат повеќе информации и  околу историјата и иднината на процесот на проширување на Европската Унија, како и за статусот на земјите од ЈИЕ во контекст на проширувањето.   

Тимот кој што ја креираше веб-страницата ги повикува сите заинтересирани кои сакаат да придонесат кон нејзино развивање да ги контактираат преку контакт адресата оставена на вебот.   

Овој проект е дел од информативните активности што Европската Комисија ги спроведува во контекст на проширувањето на Европската Унија.