| Бесар Ликмета добитник на Наградата за исклучителни заслуги во истражувачкото новинарство |
|
|
|
| Четврток, 16 Јули 2009 13:38 |
|
Албанскиот новинар Бесар Ликмета е добитник на Наградата за исклучителни заслуги во истражувачкото новинарство, што ја доделуваат организациите Централно европска иницијатива (ЦЕИ) и Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕМО). Жирито составено од истакнати медиумски професионалци од Југоисточна Европа едногласно реши наградата да му припадне на Ликмета, уредник и програм менаџер во Балканската истражувачка мрежа (БИРН), кој во текот на 2008 и 2009 продуцираше неколку значајни истражувачки стории што беа пошироко реобјавeни и имаа оддек како во албанското општество, така и во регионот. Жирито разгледуваше 26 пристигнати апликации од 12 земји-членки на ЦЕИ, при што беа земени предвид личните ризици во текот на работата, квалитетот на известувањето, како и општественото влијание на сторијата. Наградата му беше доделена на Ликмета со напомена дека со ова се промовира доброто истражувачко новинарство спроведено од млад новинар, како и дека се испраќа сигнал за поддршка на истражувачкото новинарство во Албанија, што е особено важно за оваа земја. Наградата, во износ од 5.000 евра, ќе му биде врачена на Ликмета на традиционалниот Форум за новинарство на ЦЕИ, што ќе се одржи во септември во Варшава.
|





