| Деветто годишно Собрание на корисниците на МИМ |
|
|
|
| Четврток, 26 Ноември 2009 15:02 | |||
|
На 30-ти ноември, со почеток во 12 часот, во хотелот “Холидеј ин“ во Скопје, Македонскиот институт за медиуми ќе го одржи деветтото годишно Собрание на корисниците. Во рамки на настанот, МИМ ќе ги информира своите членови за резултатите од спроведените активности во 2009 година и ќе ги претстави програмските приоритети што ќе бидат опфатени со годишниот план за работа во 2010 година.
Бидејќи Собранието оваа година е изборно, членовите по пат на гласање ќе изберат тројца свои претставници и нивни заменици во новиот Управниот одбор на МИМ, чијшто мандат трае две години. Во Собранието на корисиците на МИМ, кое е советодавно тело на Институтот, членуваат 55 највлијателни електронски и печатени медиуми од целата држава.
|





