| Директориум на корисни контакти за новинари кои известуваат за Косово |
|
|
|
| Вторник, 22 Декември 2009 13:00 |
|
Косовскиот институт за медиуми произведе електронски директориум на корисни контакти за новинарите од регионот и интернационалните медиуми кои известуваат за Косово. Ова е дел од активностите на проектот што го спроведуваше Македонскиот институт за медиуми и Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), во чии рамки во јуни годинава се реализираше и петдневна студиска посета на Косово за 11 новинари од 6 земји од ЈИЕ. Проектот и неговите активности се спроведоа со финансиска поддршка од Балканскиот фонд за демократија (БТД). На овој проект му претходеше и издавањето на книгата “Косово и медиумите”, што МИМ ја објави во декември 2008 година, а која е резултат на опширното истражување за покривањето на косовското прашање во највлијателните печатени медиуми во единаесет земји во Југоисточна Европа. Истражувањето беше спроведено во периодот јануари -февруари 2008, кога Косово беше една од најактуелните теми во медиумите ширум светот. |





