| Отворен конкурсот за „Најдобра истражувачка сторија 2009“ |
|
|
|
| Петок, 22 Јануари 2010 14:06 | |||
![]() Сите активни новинари и редакции во земјава кои продуцирале истражувачки стории во текот на 2009 година, може да учествуваат на конкурсот за избор на „Најдобра истражувачка сторија на годината“ што традиционално го организираат Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство. Оваа престижна новинарска награда се доделува по деветти пат, а целта е да го поттикне истражувачкото новинарство и да придонесе кон развојот на демократијата во земјава.
Сториите треба да содржат елементи кои го одликуваат истражувачкото новинарство:
Една копија од истражувачките стории, во изворен формат, треба да се достави во МИМ најдоцна до 22 февруари 2010 година:
По затворањето на конкурсот, независна жири комисија составена од истакнати медиумски професионалци ќе избере три најдобри истражувачки стории, чии автори ќе бидат наградени со парични награди во износ од 30.000 денари, 20.000 денари и 10.000 денари. МИМ и Високата школа за новинарство самостојно ја стипендираат оваа награда.
Подетални информации за конкурсот: Весна Никодиноска Тел. 02/30 90 004 Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|






