| За МИМ |
|
|
|
| Вторник, 16 Декември 2008 11:41 |
|
Дваесет и првиот век донесе големи промени во начинот на кој новинарите и медиумите работат и ги презентираат своите производи и начинот на кој тие производи се восприемаат од пошироката публика. Потребата од применувањето на професионалните новинарски стандарди во македонското новинарство беше особено забележителна со почетокот на кризата и етничкиот конфликт во Македонија во 2001 год. Како и во повеќето држави од регионот, македонското новинарство се соочи со проблем кога стануваше збор за овие стандарди во новинарското известување. На 26 Април, 2001 невладината организација Македонски прес центар, Данската школа за новинарство и Ирекс Промедиа го иницираа основањето на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ) како прв центар за обука на новинарите и медиумските професионалци во Македонија. На медиумската заедница во Македонија ваков центар и беше повеќе од потребен, а тоа го докажа и присуството на 73 медиуми и медуимски организации на основачкото собрание.Оттогаш, МИМ работи и се развива како непрофитна и невладина организација, центар за професионализација на медиумите и континуирана доедукација на новинарите и медиумските професионалци во Македонија. Цели МИМ својата работа и активности ги насочува кон исполнување на следните цели:
Области на работа Своите цели МИМ ги имплементира преку активности наменети за новинари на сите нивоа од новинарскиот развој, студенти по новинарство и останатите медиумски професионалци. Големиот број на активности влучуваат?
Според базата на податоци на МИМ од основањето во 2001 на различните работилници и обуки организирани од страна на Институтот учествувале над 800 новинари, а околу 100 новинари биле испратени на обуки во регионот и во странство. |





