|
Понеделник, 28 Јуни 2010 14:13 |
Како дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија, со поддршка на програмата “Матра“ од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, од 21 до 24 јуни, во Охрид, се одржаа четири обуки за наставници и професори по мајчин јазик од охридско-струшкиот регион. Од страна на обучувачите од МИМ и Институтот за демократија, пред повеќе од 80 учесници, беше презентиран концептот медиумска писменост и начините за негово имплементирање во наставната програма по мајчин јазик. Главна цел на овој проект е да се запознаат младите луѓе и адолесцентите со улогата и функцијата на медиумите во демократските општества, и воедно кај нив да се развие еден критички пристап во однос на анализирањето и проценувањето на медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни медиуми – печат, електронски медиуми, Интернет, реклами итн. |
|
|
На 15 март во МИМ се одржа работилница за новинари што известуваат за прашања од областа на животната средина, на која се дискутираше за состојбата со загадувањето во рудниците Бучим (Општина Радовиш) и Лојане (Општина Липково) и активностите што се преземаат од страна на УНДП и Македонскиот зелен центар во насока на одржливо чистење и управување со загадувањето.
|
|
Повеќе...
|
|
Петок, 22 Јануари 2010 14:58 |
 Што е медиумска писменост и како нејзините принципи да се имплементираат во наставната програма за основно и за средно образование, беше тема на обуката одржана на 14 и 15 јануари годинава, која е прва од предвидените 60 обуки за наставниците по мајчин јазик од сите училишта низ Македонија. На првата обука учествуваа дваесетина наставници од скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Марија Склодовска Кири“ и „Панче Арсовски“. Во следните две години уште 1.400 наставници кои предаваат македонски, албански, српски и турски јазик ќе бидат обучени да предаваат медиумска писменост, од страна на обучувачите на Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија. |
|
Повеќе...
|
|
|
Петок, 18 Декември 2009 15:38 |
|
 Вкупно 15 претставници од 9 граѓански организации учествуваа на обуката за користење Интернет платформи за промовирање на активностите и резултатите на граѓанските организации, што се одржа од 16 до 18 декември 2009 година во просториите на МИМ. |
|
Повеќе...
|
|
Петок, 18 Декември 2009 15:38 |
|
Вкупно 15 претставници од 9 граѓански организации учествуваа на обуката за користење Интернет платформи за промовирање на активностите и резултатите на граѓанските организации, што се одржа од 16 до 18 декември 2009 година во просториите на МИМ. Повеќе...
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почетна < Претходна 1 2 3 Следна > Последна >>
|
|
Лист 1 од 3 |