|
Четврток, 24 Јуни 2010 07:55 |
 Европската Комисија во соработка со Репортери без граници и Светската асоцијација на печатени медиуми, го објави за отворен конкурсот за наградата „Лоренцо Натали 2010“ за новинари кои придонесуваат за развој на демократијата и човековите права. „Лоренцо Натали“ е интернационална награда која се доделува од 1992 година. Досега повеќе од 1000 новинари од 130 земји биле дел од овој традиционален настан кој што ги вреднува новинарските продукти што придонесуваат во борбата за поголеми човекови права, унапредување на демократијата и севкупниот развој воопшто. Право на учество имаат сите новинари од печатените, електронските и интернет медиумите. Секој апликант може да учествува со по еден новинарски труд објавен во период од 1 јули 2009 година до 30 јуни 2010 година. Сите заинтересирани кандидати може да најдат повеќе информации за наградата, како и да аплицараат на следната веб страница: www.nataliprize2010.eu |
|
|
Петок, 11 Јуни 2010 08:32 |
 Сите новинари со неколкугодишно професионално искуство, кои доаѓаат од Европа и од САД, може да аплицираат за стипендиите за европско новинарство што ги нуди Меѓународниот центар за новинарство при Слободниот универзитет во Берлин. Учесниците ќе имаат можност да спроведат поголем истражувачки проект на Универзитетот во тек на два семестра, како и да соработуваат со свои колеги од Источна и од Западна Европа и од САД. Програмата почнува во октомври 2011 година, а завршува во јули 2012 година. Во рамки на апликацијата сите заинтересирани треба да подготват експозе за академско-новинарски истражувачки проект на кој би работеле во текот на двата семестра што ќе ги поминат на Универзитетот, а што треба да биде напишано на англиски или на германски јазик. Тие треба да приложат и писмен доказ за познавањето на германскиот јазик. Краен рок за пријавување е 1 ноември 2010 година.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Четврток, 29 Април 2010 12:33 |
 По повод 3 Мај - Светскиот ден на слободата на печатот, Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи (WAN-IFRA) ја објавува меѓународната награда за најдобар училиштен весник. Наградата се доделува на училиштните весници кои што на најкреативен начин ќе ги искористат материјалите што ги обезбеди Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи. Целта е учениците на ефективен начин да се запознаат со значењето на слободата на медиумите. На овој конкурс може да учествува по еден весник од секое училиште. Во прилог треба да се испрати печатено издание на весникот, кое може да биде надополнето со материјали од други платформи, како на пример, веб страници, блогови, видеа итн. Весникот може да биде изработен на кој било јазик, но апликацијата мора да биде на англиски јазик во пауер поинт (Power Point) презентација, преку која учениците ќе образложат што изработиле и зошто е тоа значајно. Во рамки на овој награден конкурс Светската асоцијација на печатени медиуми и на издавачи (WAN-IFRA) обезбедува пристап до голем број публикации, есеи, илустрации, фотографии итн., тематски поврзани со Светскиот ден на слободата на печатот, и истите може да се преземат од следнава интернет-страница: www.worldpressfreedomday.org Апликациите треба да бидат испратени најдоцна до 10 мај 2010г., на следната адреса: WAN-IFRA, 7 rue Geoffroy St. Hilaire, 75005 Paris youngreader@wan-ifra.org Дополнителни информации за конкурсот можете да најдете на следната интернет-страница. |
|
|
|
|
<< Почетна < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Последна >>
|
|
Лист 1 од 17 |