Извештај „Транспарентноста на регулаторот зајакната, но не е целосно спроведена“

Се чита за 0 мин.

Независноста на регулаторното тело претставува едно од најспорните прашања во областа на медиумската политика во изминатите две децении. И покрај тоа што новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (2013) дополнително ги зајакнува основите за зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето на регулаторот, во праксата има случаи кога правилата не се почитуваат.

Именувањето членови на регулаторот беше и останува под силно влијание на владејачките политички партии. Процедурите на доделување дозволи продолжуваат да бидат причина за загриженост, бидејќи постојат сомневања дали се навистина непристрасни и регуларни. Регулаторот во неколку случаи не беше целосно транспарентен кога на дневен ред на седница беа информации за неговото финансиско работење.

Ова се само дел од наодите од мониторингот на имплементацијата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Македонија, спроведен од страна на Македонскиот институт за медиуми, а во рамки на проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“.

Целосниот извештај, заедно со клучните заклучоци и препораки е прикачен во продолжение:

pdfИзвештај „Транспарентноста на регулаторот зајакната, но не е целосно спроведена“294.98 KB