Улогата на уредниците во заштитата на интегритетот на медиумите во Македонија

Се чита за 0 мин.

Поголем дел од уредниците и медиумите во Република Македонија работат во амбиент во кој се под влијание на политичките центри на моќ, па дури и на закани. Политичкиот притисок, поддржан од сопствениците на медиумите, резултира главно со пристрасно, еднострано и несеопфатно информирање.

Во процесот на создавање еден таков амбиент, уредниците и сопствениците на медиумите не успеаја да се дистанцираат од партиските политики. Напротив, недостигот на независност ги направи медиумите сојузници во креирањето поделено и партизирано општество, во кое недостига фер и избалансирано медиумско информирање.

Посебно загрижува селективното известување и отсуството на уредувачка независност во Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио-телевизија. Најголема причина за тоа е изборот на уредници во МРТ, кој е комплетно ставен под контрола на владејачката коалиција.

Политичката и медиумската криза во Македонија дополнително се продлабочи во 2015 година, со објавувањето на прислушуваните разговори што вклучуваат високи владини функционери и функционери на владејачката партија, кои сугерираат прекршување на фундаменталните права, мешање во судската независност, во слободата на медиумите и во изборите, како и политизација и корупција во различни области.

Ова е само дел од содржината на истражувањето за улогата на уредниците во заштитата на интегритетот на медиумите во Македонија, спроведедено од страна на Македонскиот институт за медиуми, а во рамки на проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“.

Целосниот извештај, заедно со клучните заклучоци и препораки е прикачен во продолжение: