Извештај за процесот на дигитализација на медиумите во земјите од Југоисточна Европа

Се чита за 0 мин.

Само две од седумте земји вклучени во регионалната студија за процесот на дигитализација во Југоисточна Европа, успеале да го испрочитуваат првичниот план за премин од аналоген на дигитален сигнал, заклучно со јуни 2015 година, се вели во Извештајот „Time Zero of the Digital Switchover in SEE“.

Меѓу другото, студијата нотира дека иако во некои земји аналогниот сигнал бил исклучен според планот и крајниот рок, сепак, дигиталниот сигнал не бил достапен за целокупната јавност. Исто така, речиси во сите земји дигитализацијата била политички контролирана без да се води сметка за интересите на јавноста. Целиот процес најтешко се одразил на локалните медиуми кои се обидувале да пронајдат поевтини алтернативи за скапото дигитално емитување.

Извештајот е изготвен како дел од проектот „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите“, што го раководи Центарот за независно новинарство од Романија, во партнерство со медиумски организации од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Целосниот извештај е достапен во прилог: