Анализа на позитивни примери на заштита на медиумскиот интегритет во ЈИЕ

Се чита за 0 мин.

Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа објави анализа на позитивни примери на медиумски политики, на институции што се борат против корупција, како и на медиуми и на новинарството во регионот.

Истражувањето кое опфати три земји – Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, презентира осум примери на добри практики. За секој избран пример истражувано е неговото настанување, правната, институционалната и финансиската рамка, која го овозможила тоа и колку била одлучувачка структурата на персоналот, како и водечките поединци што концептуално ипрактично го управувале функционирањето на конкретниот пример на добра практика.

Извештајот од истражувањето е достапен во прилог.