Со бел мантил по белиот свет - тренд на иселување на младите лекари

Се чита за 0 мин.
Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство. Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата - цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите - од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.

civica mobilitas logoСторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.