Жените не се жртви само на семејното насилство, туку и на законите и на институциите

Во последните пет години во Македонија 28 убиства се заведени како семејно насилство. Билтените на МВР секојдневно се полни со инциденти во кои се претепани жени, сопруги, девојки. Само во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица за семејно насилство. Од нив, дури во 94 отсто од случаите насилниците се мажи. Невладините организации со години предупредуваат дека закон има на хартија, но недостасува интегриран систем на институции кои го третираат овој проблем. Владата најави дека ќе се заложи за решавање на овој проблем преку ратификување на Истанбулската конвенција, меѓународен документ кој ги обврзува државите да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите на семејно насилство и казнување на сторителите.

 

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.

civica mobilitas logoСторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.