Објавена анализата за развојот на медиумската сфера во Македонија

Се чита за 0 мин.

Анализата „Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО“ која во текот на 2011 година ја подготви група автори ангажирани од МИМ,  се фокусира на пет главни категории на медиумски развој што се составен дел од секој медиумски систем и што го рефлектираат неговото ниво на развој: 1) Регулаторниот систем како предуслов за ефикасно остварување на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста на медиумите; 2) Плурализам и разновидност на медиумите, пазарот и економското опкружување и  транспарентност на сопственоста; 3) Медиумите како платформа за демократска дебата; 4) Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста и 5) Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми.

Анализата, подготвена според Индикаторите за медиумски развој на УНЕСКО, по својот опсег и содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумската сфера во државава.

Овој документ е резултат на заедничкиот проект што се спроведува со универзитетите од Загреб и од Белград, со кои се работи и на компаративна анализа за медиумските системи на трите држави, која се очекува да биде објавена во текот на април 2012 година.
Анализата е достапна ТУКА.