Анализа: Колективниот договор – нужност за подобрување на работните услови на новинарите

Се чита за 0 мин.

Недостиг на социјална и економска стабилност, непостоење колективни договори, изразена цензура и автоцензура во медиумите, се некои од предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници на нивните работни места во редакциите низ Македонија. Ситуацијата би се подобрила доколку новинарската работа е регулирана со договор и доколку е дефинирана минималната плата.

Ова се дел од заклучоците од анализата „Вработувањето и работните услови за новинарите во Македонија“  што ја промовираше МИМ на тркалезна маса на која новинари и уредници дискутираа за проблематичните условите за работа во медиумите.

Анализата во првиот дел се фокусира на правната рамка на вработувањето на новинарите и на генералниот контекст за работничките права во медиумската сфера, додека, пак, во вториот дел се осврнува на најпроблематичните аспекти на медиумскиот пазар на труд. Овој документ ги содржи и перцепциите, мислењата и ставовите на 20 новинари и уредници кои работат во медиумите во Македонија, со кои беа направени длабински интервјуа.

Истражувањето за работните услови на новинарите беше спроведено во рамки на проектот „Партнерство на Југоисточна Европа за  развој на медиумите“ што го имплементира партнерство медиумски организации од регионот, а го координира Центарот за независно новинарство од Романија. Поддршката за проектот ја обезбедува Европската Комисија.

Анализата, на македонски и англиски јазик е прикачена во прилог.

pdfВработувањето и работните услови за новинарите во Република Македонија335.29 KB

pdfEmployment and working conditions for the journalists in the Republic of Macedona259.38 KB