Истражувања

Cover Re 1

Медиумски и комуникациски модели кои шират говор на омраза и дезинформации

Причините за создавањето и за ширењето на говорот на омраза, дезинформациите и пропагандата преку медиумите во Македонија најчесто лежат во поврзаноста на медиумите со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Темите што ги „хранат“ овие феномени се генерираат од долгата историја на политичка и на етничка поделеност на општеството и вообичаено се засилуваат во кризни или во предизборни периоди. Говорот на омраза на политичка и на етничка, како и на сексуална и на родова основа е во пораст на социјалните мрежи. Ова се некои од заклучоците во истражувањето „Политичка и економска основа на медиумските и на комуникациските модели што шират дезинформации и говор на омраза“, кое што го спроведе МИМ во рамки на проектот „ОТПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ што е поддржан од Европската Унија. Во заклучоците се наведува дека двете теми - глобалната криза предизвикана од коронавирусот во почетокот на 2020 година, која се поклопи со периодот пред одржување на парламентарните избори, создадоа „набој“ за ескалација на дезинформациите и говорот на омраза на политичка и на етничка основа, но и врз основа на здравствена состојба. Дел од препораките кои се однесуваат на медиумската заедница и на граѓанскиот сектор се во насока на поддршка на саморегулаторните механизми во медиумската сфера за да се спречи непрофесионалното и неетичко работење и да се заштити публиката од погрешно и од непрофесионално информирање од одредени медиуми. Кога станува збор за говорот на омраза, надлежните институциите треба да покажат проактивност и ангажираност при негово гонење и процесирање, вклучително и во интернет-просторот, со оглед на податокот дека бројот на пријавени случаи е во пораст. Бизнис-заедницата и огласувачката индустрија треба да дискутираат за општествената одговорност на големите компании, кои при носењето одлуки каде да се рекламираат, треба да ја земат предвид професионалноста на медиумите и да ја поддржат работата, пред сѐ, на квалитетните медиуми. Граѓаните, пак, треба да стекнуваат вештини за критичко размислување за да можат да ги разликуваат вистината и фактите од дезинформациите, манипулациите и пропагандата преку медиумите, се вели во препораките од истражувањето.   Целосниот текст од истражувањето е прикачен во прилог.   Проектот „ОTПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ го спроведуваат девет медиумските организации  од регионот: СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт и Бианет.    Медиумски и комуникациски модели кои шират дезинформации и говор на омраза517.08 KB
Monitoring.izvestaj

Актуелната висока политика ги потиснува оригиналните новинарски теми на маргините на ударните вести

Македонскиот институт за медиуми, во период од од 17 до 23 јуни 2019 година, спроведе мониторинг на централните информативни изданија на шесте најгледани телевизии во земјата - петте национални терестријални канали ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Телма, ТВ Сител и ТВ Канал 5, како и на ТВ 24 која емитува преку сателит на државно ниво. Целта на истражувањето е да утврди колкава е разновидноста на теми, жанрови, актери, новинарски ангажман и географска застапеност во централните-информативни изданија на најгледаните телевизии во државава. Беше разгледувано кои се ударните теми, кој е жанровскиот избор односно различните пристапи во обработката на темите, кои географски локации се најзастапени, ангажманот на самите медиуми и новинари, но и вклученоста на различни субјекти од политичкиот, општествениот, економскиот и од културниот живот. Истражувањето особено се осврнува на тоа колку најгледаните телевизии во земјата се „граѓански“, односно колку се отворени кон вклучување на самите граѓани во креирањето на содржините, преку изборот на теми што произлегуваат од граѓаните или директно ги засегаат, и преку пренесување на гласот на граѓаните и на граѓанските организации при известувањето за темите од внатрешната и од надворешната политика, економијата, правосудството, здравството, образованието, и од другите области на општественото живеење. Еден од заклучоците од истражувањето упатува на големи сличности во изборот на темите за кои известуваа телевизиите, начинот на кој им пристапуваа, актерите преку кои ги претставуваа и жанровите со кои ги обработуваа. Исто така, истражувањето покажа дека фокусот на медиумите кон следењето на активностите на членовите на Владата беше многу посилен отколку известувањето за која било друга категорија општествено-политички актери и ниту една телевизија не е исклучок од оваа практика. Вклучувањето на граѓаните во вестите беше на задоволително ниво, со оглед на тоа што тие се втора најзастапена категорија веднаш по членовите на Владата. Граѓанското учество можеше да се види преку пласирање теми што биле поттикнати од активностите или од состојбите со кои се соочуваат групи граѓани или поединци, како и преку вклучувањето на мислењата на граѓаните за другите актуелни теми. Целосниот извештај и заклучоците од истражувањето може да ги погледнете во прилог. Извештај од мониторинг378.03 KB Monitoring report421.89 KB
Analiza Mrtv

Анализа: Структурната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија

Македонското законодавство ги интегрира сите меѓународни документи и препораки што гарантираат предуслови за родова и економска еднаквост на сите граѓани во различни  општествени сфери, вклучително и во медиумската. Сепак, практиката во изминативе децении покажува дека законските и стратешките документи, со кои се поттикнува принципот на еднакви можности и еднакво учество на жените и на мажите во креирањето на програмските концепти и содржини или соодветно портретирање преку медиумите на секое лице без оглед на неговиот пол, не се имплементираат соодветно. Oва е само еден од заклучоците од анализата „Структураната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целта на истражувањето е да се утврди каква е структурната положба на жените во медиумите во Македонија, земајќи ја предвид нивната застапеност на разни нивоа во управувачките структури и во структурата на вработенoста во некои од највлијателните медиуми во Македонија, нивната образовна подготвеност, можностите за професионален развој, економската и безбедносната положба.
Analiza Sibvencii

Анализа: Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји

Проблемот со финансирањето висококвалитетни и разновидни содржини во медиумите, структурниот плурализам и разновидноста, е присутен и во Македонија. Медиумскиот пазар во земјава е мал и сиромашени затоа овој проблем се чини дека е уште поизразен. Поради оваа состојба, постои и недостиг на ресурси за квалитетно производство и разновидност на медиумите. Оттаму и дилемата дали новинарството може да одговори на предизвиците ако е оставено само на себе во услови на сѐ понеповолно пазарно опкружување или, пак, му е потребна финансиска инфузија од државата преку насочување дел од јавните средства кон новинарите, односно медиумите. Ова е само е еден од заклучоците од анализата „Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целта на оваа анализа е да се согледаат можностите за евентуално воведување систем на субвенции или друг вид поддршка за медиумите, врз основа на искуствата и практиките од други земји од Европа и од регионот, како и да се анализираат ефектите од досегашната примена на субвенциите или друг вид поддршка за медиумите што се доделуваа во изминатите години. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството2.7 MB
Struk1

Анализа: Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот

Медиумскиот плурализам недоволно јасно се препознава во домашната законската регулатива како регулаторна цел во аудиовизуелната област. Развојот на аудиовизуелниот сектор и на медиумскиот плурализам во Македонија досега не се одвиваше стратегиски, а регулаторот беше оставен самиот да се грижи и да ја имплементира својата стратегиска визија. Дополнително, наследената фрагментираност на пазарот, политичките и индустриските притисоци врз регулаторот влијаеја да се влоши вкупната медиумска слика. Споредбената анализа покажува дека публиката во Хрватска, во однос на Македонија и Црна Гора, има најголем пристап до разновидни општи и специјализирани ТВ-сервиси со домашни содржини. Ова се дел од заклучоците од аналзиата „Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот во Македонија, Хрватска и во Црна Гора“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.   Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам2.41 MB
Analiza210518

Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија кај најгледаните ТВ-канали во Македонија

Основната цел на истражувањето е да се утврди како во новите општествено-политички услови из-вестуваат осум телевизии во Македонија (најгледаните 5 терестријални и една кабелска, како и двата канала на јавниот сервис) од аспект на различноста  во тематската и во жанровската застапеност, нови-нарската ангажираност, застапеноста на различни актери и географската покриеност. Намерата е да се утврди како функционираат јавните гласила во актуелните околности и колку се трудат да му служат на јавниот интерес за поквалитетно и посеопфатно информирање на граѓаните. Анализата е достапна во прилог. Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија2.48 MB
Analiza

Анализа: Политичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди

Kако во иднина да се спречи евентуално повторување на праксата на ексклузивна и привилегирана позиција на одредени политички центри на моќ, како и пропагандистичко претставување на одредени политички партии и идеолошки мислења преку медиумите, е еден од клучните проблеми вo медиумската сфера во Македонија. За време на избори, правичното, избалансирано и непристрасно известување претставува законска обврска на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните медиуми, но проблемот e изразен и хронично се провлекува, особено надвор од изборните периоди. Правичното и разнолико известување, како и изразувањето на различни политички и идеолошки групи, вклучително и на гледиштата и интересите на малцинските групи преку медиумите, се некои од клучните професионални и етички стандарди кои може да придонесат кон постигнување на политичкиот плурализам во медиумите. Политичкиот плурализам, ги подразбира капацитетите и можностите на сите социјални сегменти, со нивните различни политички/идеолошки гледишта и интереси да ја адресираат, односно да стигнат до публиката преку медиумите, како и спектарот политички и идеолошки гледишта, мислења и интереси што се пренесени и презентирани во медиумите. Публикацијата е достапна во прилог. Политичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди2.27 MB
Analiza Mrtv

Компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија

Неопходно е да се отвори јавна дискусија за темелна реформа на сите аспекти на функционирањето на јавниот сервис Македонска радио-телевизија и за натамошниот развој на Куќата, со цел таа да стане современ европски јавен сервис. Изборот на членови на Програмскиот совет на јавниот сервис треба да се спроведува преку јавен конкурс со цел да се намалат директните политички влијанија, а сите засегнати страни треба да ги разгледаат можностите за евентуално зголемување на бројот на членови на ова тело со цел тоа посоодветно да ги претставува различните сегменти и интереси во македонското општество, потоа за директен влез на членови, за ревидирање на забраната за учество на вработени од јавниот сервис, како и за воведување на т.н. скалест мандат на членовите. МРТ треба да ја унапреди транспарентноста за својата работа и да ги развива каналите и механизмите за комуникација со публиката. Ова се главните препораките од компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што ја подготви м-р Љиљана Митевска. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на МК, ХРВ и СЛО2.31 MB
2KK 4864 Compressor

Анализа: Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот д-р Ненад Живановски. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза6.69 MB