Повик за ангажирање продукциска куќа

Се чита за 1 мин.

Македонскиот институт за медиуми има потреба од ангажирање на продукциска куќа која ќе произведе документарни видео-стории на теми поврзани со медиумски истражувања, што се изработуваат во рамки на проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации, институциите и граѓаните заспроведување реформи во медиумската сфера“.


ЦЕЛ:
Документарните видео-стории треба да ги претстават клучните пораки и поенти од истражувањата на поедноставен начин, што ќе биде јасен и разбирлив за пошироката публика, а не само за стручната јавност. На тој начин, би се подигнала јавната свест за повеќе проблематични теми во медиумската сфера, а граѓаните би се мотивирале да се залагаат и да ги поддржуваат реформите во медиумите во насока на зајакнување на нивната независност и професионален интегритет.

КРИТЕРИУМИ: Продукциските куќи што ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги:

  •   Да произведат 10 видео-стории на теми што произлегуваат од акциските истражувања спроведени во рамки на проектот #ReForMediaMKD;
  • Видео-сториите треба да имаат информативно-документаристички пристап, при што ќе се засноваат на наоди и клучни препораки од            истражувањата и ќе вклучуваат интервјуа со релевантни соговорници на темата;
  • Видео-сториите треба да бидат произведени во ХД технологија, прилагодени за телевизиско и интернет емитување;
  • Видео-сториите да бидат со должина од 20 минути;
  • Продукциската куќа да ангажира новинарски и технички кадар за продукција на документарните стории;
  • Продукциската куќа да произведе кратки промотивни видео-најави за претходно промовирање на документарните стории;
  • Сите 10 стории да бидат завршени до јуни 2018 година. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда во која детално ќе го претстават своето искуство и капацитетот на тимот кој ќе работи, како и ценовник за предвидените услуги.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Повикот е отворен до 18 септември 2017 година.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: Ивона Василова, проект асистент: ivonae@mim.org.mk; 02 30 90 144.

 

eu#ReForMedia - Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера. Проектот е финансиран од Европската Унија.