Конкурс за новинари “Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Се чита за 0 мин.

Истражувачкото новинарство е ударната сила на медиумите и на новинарите со која тие треба да ги штитат демократските процеси и јавниот интерес. Добрите истражувачки стории претставуваат врв во професионалните достигнувања на новинарите. Тие ја откриваат и користат вистината, со цел да го променат светот кон подобро и да поттикнат поодговорно однесување на институциите и на поединците кои се дел од нив.

Како дел од постојаните заложби и напори за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјата, и оваа година, по единаесетти пат, Македонскиот институт за медиуми го објавува конкурсот за доделување на престижната новинарска награда:

“НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ГОДИНАТА”

Ги покануваме сите професионални новинари и редакции во Македонија да се пријават со една или повеќе истражувачки стории што ги објавиле во текот на 2011 година.

Критериумите за оценување на квалитетот на сториите се достапни овде.

Прва награда:

30.000 денари

Втора награда:
20.000 денари

Трета награда:
10.000 денари

Апликантите треба да достават по пет примероци од објавените стории
(во оригинал или копии на це-де, за аудиовизуелните стории, и оригинали или копии од сториите објавени во печат или во електронските публикации) најдоцна до деветти март (петок) 2012 во МИМ и тоа:

- По пошта: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје
- По електронска пошта: mim@mim.org.mk
- Или лично да се достават во МИМ

Информации:  02/ 30 90 144; mim@mim.org.mk