Промоција на регионалниот портал “Точак“

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми, на 26 септември 2012 (среда), во Клубот МКЦ, со почеток во 19 часот, ќе го претстави регионалниот портал Точак (www.tocak.org) - информативен медиум посветен на известување за важни теми за Ромите на Балканот.

Освен претставувањето на порталот, на овој мултимедијален настан ќе одржат мини-концерт извонредните Шутка Рома Рап, бенд чијашто музика и живи настапи ја фасцинираа публиката во многу земји и на многу престижни меѓународни фестивали.

Веб порталот Точак е создаден како дел од „Унапредување на видливоста на Ромите“, заеднички проект на Транзишнс, Македонскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Ромскиот информативен центар „Кали Сара“ и Новосадската школа за новинарство. Проектот е кофинансиран од Европската унија преку ИПА 2009 регионалните програми за граѓанско општество, со поддршка на National Endowment for Democracy (НЕД) и Програмата за промовирање на промени на Одделот за човекови права и транзициони политики на Министерството за надворешни работи на Чешка.