Доделување на наградите од конкурсот за Најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“

Се чита за 0 мин.

На 11 април (четврток) 2013 година, во Клубот на новинарите, од 11:00 часот, МИМ ќе ги додели наградите од конкурсот за Најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“.

На годинешниот конкурс се пријавија 18 автори, со вкупно 28 стории обработени во 65 текстови и ТВ прилози кои беа објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година.

Наградата се доделува традиционално по дванаесетти пат, како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. Од оваа година МИМ одлучи наградата да го носи името на трагично загинатиот новинар и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов.

Медиумската промоција за конкурсот беше помогната од дневните весници Дневник, Фокус и Коха.