Конкурс за ангажирање стручно лице за комуникација и администрација во СЕЕНПМ

Се чита за 0 мин.

Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за ангажирање стручно лице задолжено за комуникација и администрација. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.

Меѓу другото, заинтересираните кандидати треба добро да ја познаваат медиумската сцена во Централна и Југоисточна Европа и да имаат искуство во областа на медиумите и комуникациите.

Пријавувањето трае до 21 септември 2015.

Повеќе информации за работното место, критериумите и начинот на пријавување, може да погледнете на следниот линк:
http://www.seenpm.org/seenpm-communication-and-admin-officer/