Генерално собрание на СЕЕНПМ во Тирана

Се чита за 1 мин.

Кон крајот на октомври, во Тирана, се одржа годишнoто Генерално собрание на „Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа“ (СЕЕНПМ), на кое учествуваа претставници на 14 организации, членки на Мрежата. За време на состанокот учесниците дискутираа за минатогодишните активностите, како и за имплементацијата на стратешкиот план и финансирањето за периодот 2014 – 2016.

Претседавачот на Генералното Собрание, Корина Чепои, наведе неколку проекти и активности кои што ги спроведуваат членките на Мрежата, како што се Медиумска опсерваторија на ЈИЕ, Награда од ЕУ за истражувачкото новинарство во Западен Балкан и Турција, Партнерство за развој на медиумите во ЈИЕ, Известувањето за соседните земји во медиумите на Балканот, и иницијативите за справување со говорот на омраза. Таа, исто така, потенцираше дека е неопходно утврдување и адресирање на потребите за зајакнување на капацитетите на организациите кои се дел од Мрежата. Извршниот директор на СЕЕНПМ, Тихомир Лоза ги информираше присутните за актуелните новости и активности на Секретаријатот на Мрежата, вклучувајќи ги плановите за обезбедување на средства и зајакнување на внатрешната и надворешната комуникација на Мрежата.

Ines PhotoЗа време на состанокот беа избрани 3 нови членови во петчлениот Управен одбор на Мрежата, Младен Велојиќ од Центарот за медиуми и реформи од Ниш (Србија), Барис Алтинтас од Платфомата 24 од Турција и Лилјана Жугиќ од Црногорскиот институт за медиуми. Во продолжение, новиот Управен одбор го одржа својот прв состанок, на кој, Инес Бамбурац од Медиацентар Сараево беше избрана за претседателка на одборот. По изборот, таа истакна дека со нетрпение очекува да започне со работа и преку блиска соработка со раководните тела и извршниот директор, да и овозможи на Мрежата и во иднина да игра клучна улога во унапредување на слободата и професинализацијата на медиумите, особено во време кога медиумите од регионот се соочуваат со сериозни предизвици.