Регионални дебати за правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Се чита за 0 мин.

Заштита на авторските права за интернет-содржините, економската одржливост на онлајн-медиумите, почитувањето на етичките стандарди на интернет, диференцирањето на порталите кои работат согласно новинарскиот кодекс од оние кои ги нарушуваат професионалните принципи, се дел од темите кои беа дискутирани на регионалните дебати што ги организираше МИМ во Струмица, Тетово и Битола, во првата половина на декември.

На дебатите учествуваа претставници на локални интернет и традиционални медиуми, на граѓанските организации, активисти, блогери, како и претставници на локалната самоуправа. Истакнати правници и експерти од областа на дигиталните медиуми имаа воведни излагања на дебатите, DSC 7777фокусирајќи се на правната рамка која се однесува на функционирањето на интернет-медиумите во земјава, почитувањето на новинарските стандарди на интернет и најчестите недоразбирања во поглед на онлајн-медиумите.

Наодите, заклучоците и препораките од анализата на МИМ за институционалната и за правната рамка во која функционираат онлајн-медиумите во земјава беа оснава и поттик за дискусиите. Анализата нуди приказ на правната рамка, на почитувањето на легислативата во сферата на онлајн-медиумите и комуникациите во Македонија, на улогата на саморегулаторните механизми, како и преглед на DSC 7989искуствата и перцепциите на засегнатите страни и на публиката.

Македонскиот институт за медиуми ја подготви анализата во рамките на проектот „Македонија во дигиталната ера – меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет“, делумно финансиран од Американската амбасада во Скопје.

Анализата за правата и одговорностите при комуницирањето на интернет може да ја преземете на македонски и албански јазик на следниот линк.