Отворен конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство

Се чита за 2 мин.

Сите новинари кои во 2015 година продуцирале и објавиле истражувачки стории кои известуваат за општествени прашања поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 30 март 2016 година.

eu.nagrada3Целта на Наградата која е воспоставена од Европската Комисија, е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција. Од оваа година се воведува нова категорија за „најдобра истражувачка сторија од млад новинар“, со цел да се промовираат младите генерации новинари истражувачи.

Годишниот награден фонд за секоја земја изнесува 10.000 евра. Во секоја држава ќе бидат наградени од една до три истражувачки приказни, а поединечните награди ќе изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра. Процесот на доделување на наградата го администрира партнерство на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана, а Македонскиот институт за медиуми е одговорен за организирање на конкурсот во земјава.

Отворањето на конкурсот беше проследено со панел-дискусија посветена на некои од предизвиците во практикувањето на истражувачкото новинарство во земјава. На панел-дискусијата се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија, г-нот Аиво Орав, кој истакна дека Наградата претставува дел од заложбите на ЕУ за поддршка на eu.nagrada2реформите во медиумската сфера и оддавање признание на оние кои значително придонесуваат кон професионалното новинарство. Тој ги повика сите приватни медиуми, јавниот сервис, како и политичките партии да ги почитуваат етичките и професионалните принципи при известувањето, и така да придонесат кон подобрување на медиумската состојба.

Минатогодишната победничка на конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство, Сашка Цветковска, како некои од главните проблеми за новинарите-истражувачи ги посочи затвореноста на домашните институции и пристапот на истражувачките стории до „мејнстрим“ медиумите. „Во моментов истражувачкото новинарство егзистира во еден помал простор, начесто онлајн. Истражувачкото новинарство не постои во весниците, на телевизиите и во сите популарни медиуми. Така што, нашиот проблем е како сториите да пристапат до тој простор за да може да ги видат повеќе граѓани и така да влијаат на општествениот амбиент“ – смета Цветковска.

Според Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, клучен предизвик е како да се убедат новинарите при секојдневното продуцирање на вести и стории, да препознаат корисна алатка во можноста за слободен пристап до информации од јавен карактер. „Во целиот овој амбиeu.nagrada1ент на зголемена примена на Законот за слободен пристап до информации, мислам дека е многу битно да не се предадеме и да не останеме неми кога институциите ги кријат информациите“ – истакна Факиќ

Претставникот на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до медиумите од јавен карактер, Цветан Станоески посочи дека ова тело ја поддржува идејата за намалување на рокот во кој институциите треба да одговорат на барањата на новинарите за слободен пристап до информации од јавен карактер, и тоа до 15 календарски дена. Тој, исто така, посочи и дека доколку новинарите го користат правилно Законот можат и самите да си помогнат и да ги скратат роковите, а не да се чека од Министерството за правда да ја уважи идејата за намалување на рокот.

(Фото-галерија)

Краен рок за пријавување на конкурсот е 30 март 2016 година.

За повеќе информации поврзани со Наградата: eunagrada@mim.org.mk.

Документите за аплицирање се прикачени во продолжение: