Публикации

Priracnici Mp

Прирачници за медиумска писменост и медиумска култура

Прирачниците за медиумска писменост и медиумска култура се наменети за одделенските и за предметните наставници, да им бидат поддршка и инспирација при планирањето и реализирањето на часовите на кои се разработуваат содржините за медиумска писменост и за медиумска култура. Прирачниците се подготвени во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука Прирачник за медиумска писменост и медиумска култура за III одделение3.28 MBDoracak për edukimin mediatik dhe kulturën mediatike për klasën e III-të3.25 MBПрирачник за медиумска писменост и медиумска култура за V одделение512.31 KBDoracak për edukimin mediatik dhe kulturën mediatike për klasën e V-të404.84 K
Pcover

Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание

Здруженијата на граѓани имаат мошне значајна улога и претставуваат влијателни актери во создавањето свесност за широк спектар прашања поврзани со општествениот развој. Во спроведувањето на своите активности, тие им се обраќаат на различни целни групи, обидувајќи се, истовремено, да ја одржат својата видливост, транспарентност, одговорност и, што е најважно, развој во поширокиот општествен контекст. Од нив, пред сè, се очекува да дејствуваат на начин што подразбира следење на јавниот интерес, а во тој процес од големо значење е планираното стратегиско комуницирање. Во таа насока, МИМ го подготви Прирачникот „Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание“, кој се фокусира на потребата и на значењето на планирање на комуникацијата во работата на граѓанските организации, што подразбира и соодветно утврдување на целните групи, пораките што ќе се упатат кон нив, како и примена на соодветните алатки и техники на комуницирање. Прирачникот е создаден на начин што нуди практично знаење и алатки кои се, пред сè, насочени кон тоа организациите полесно и поефикасно да ја „кажат својата приказна“ и да подготват план за комуникација со јавноста. Публикацијата е продуцирана во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Прирачникот во електронска верзија е достапен во прилог.  ПРИРАЧНИК: Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор1.75 MB
Cover Web Pn

Новинарство, „лажни вести“ и дезинформации: Прирачник за образование и обука по новинарство

Прирачникот е дел од „Глобалната иницијатива за извонредност во образованието по новинарство“, која е во фокусот на Меѓународната програма на УНЕСКО за развој на комуникациите (ИПДЦ). Со цел да послужи како модел на наставен план, прирачникот обезбедува рамка и наставни планови за часови, кои ќе им помогнат на едукаторите и на обучувачите на новинари, како и на студентите по новинарство, да реализираат едукативни програми на теми поврзани со „лажните вести“. Прирачникот го содржи искуството на водечки меѓународни едукатори, истражувачи и аналитичари по новинарство, кои помагаат во ажурирањето на новинарските методи и практичното новинарство за справување со предизвиците што ги носат мисинформациите и дезинформациите. Како наставна програма, прирачникот е поделен на два различни дела: првите три модули ја прикажуваат рамката на проблемот и му даваат контекст; следните четири се фокусираат на одговорот на „информацискиот хаос“ и на последиците од него. Понудените лекции, доколку се користат заедно како курс, или самостојно, можат да помогнат во освежување на постојните наставни програми или во создавање нови примери. Адаптацијата на прирачникот на македонски јазик ја подготви Македонскиот институт за медиуми. Прирачникот е достапен во прилог. Прирачник за образование и обука по новинарство10.64 MB
Priracnikcover

Прирачник за новинари од областа на медиумската писменост

Прирачник за новинари од областа на медиумската писменост Прирачник за новинари од областа на медиумската писменост444.17 KB
PriracnikMIL

Прирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост

Целта на овој е-прирачник е да им помогне на идните обучувачи по медиумска и информациска писменост (МИП) во подготвувањето на нивните едукативни програми на лесен и интересен начин. Во таа смисла, овој прирачник се препорачува на претставниците на невладините организации, наставниците што сакаат да ја унапредат МИП во училиштата, но и на новинарите. За секој модул, постои листа на вежби и материјали што може да се користат, при што поголемиот дел од активностите може да се приспособат на различните целни групи.   Прирачникот е подготвен во рамки на регионалната инцијатива „Медиуми за граѓаните - граѓаните за медиумите” -  проект на седум граѓански организации за развој на медиумите на Западен Балкан (Фондација „Медиацентар“ Сараево, Албански институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Институт за медиуми на Црна Гора, Новосадска школа за новинарство, Мировен институт од Љубљана и Мрежа за професионализација на медиумите во ЈИЕ – СЕЕНПМ), кој е насочен кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за унапредување на медиумската и информа писменост (МИП). Прирачникот е прикачен во продолжение: Прирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост1.08 MB
Cover 1

Унапредување на улогата на ЈРС МРТ во промовирање на медиумската писменост преку споредба со добри практики од Велика Британија и од Белгија

Целта на ова истражување е да се дадат насоки на јавниот сервис МРТ кои стратегиски, организациски и п рофесионални капацитети треба да ги развива за да создаде основни услови за продуцирање и емитување програми поврзани со МИП. Заради тоа беше направена компаративна анализа со Британскиот јавен сервис Би-би-си и со јавниот сервис на Белгија РТБФ кој емитува програми наменети за француската за едница. Овие јавни сервиси предничат со искуството, продукцијата и иновативноста во продуцирањето програми поврзани со МИП и можат да понудат корисни примери и практики за ЈРС МРТ. Истражувањето беше спроведено во периодот од јули до октомври 2018 година. Притоа беа користени секундарни податоци од релевантни извори од сите три држави, беа разгледувани стратегиски документи, анализи, извештаи и други публикации од националните и од европските институции, како и законската регулатива од оваа област. Дополнително беа направени четири интервјуа со медиумски експерти од Македонија, Велика Британија и од Белгија. Унапредување на улогата на ЈРС МРТ во промовирање на медиумската писменост863.85 KB
Mppreporaki

Препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери

На 13 и 14 ноември, Македонскиот институт за медиуми организираше студиска посета за претставници од Македонската мрежа за медиумска писменост на Ирската мрежа за медиумска писменост во Даблин, Република Ирска. На студиската посета учествуваа претставници од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, МИМ, Институтот за комуникациски студии, како и од граѓанските организации „Метаморфозис“ и „Конеду глобал“. Публикацијата со препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери (прикачена во прилог) е резултат на информациите, искуствата и знаењата што беа стекнати во текот на посетата во Ирска, како и на предлозите на учесниците на студиската посета на состанокот одржан во МИМ. Посетата и публикацијата беа дел од проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“, што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија и Советот на Европа.  Препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост8.07 MB
Cover Priracnik

Прирачник „Попреченост: На виделина“

Прирачникот има за цел да им помогне на македонските граѓански организации кои работат со лицата со попреченост да се справат со некои од предизвиците со кои се соочуваат секојдневно: отсуството на квалитетно известување за лицата со попреченост; перцепцијата за лицата со попреченост кои честопати се оптоварени со негативни стереотипи и предрасуди; и недостатокот на практични насоки за тоа како да се справат со тие предизвици. Прирачникот е дел од двегодишниот проект „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), а е финансиран од Европската Унија. Публикацијата е достапна во прилог: Попреченост: На виделина2.27 MB Disabiliteti: Nё qiell tё hapur3.3 MB
Id3 Compressor

Иднината на аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија

Телевизиите се најгледаните и највлијателните медиуми во Македонија и имаат исклучително важна улога во градењето на јавното мислење кај граѓаните. Тие се и најголеми актери во медиумскиот бизнис и имаат значаен потенцијал во унапредувањето и развојот на аудиовизуелната индустрија, во промовирањето на јавниот интерес и во натамошниот развој на медиумската сфера во Македонија.Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во изминатите три години работеше на повеќе истражувања, кои засегаат различни аспекти од медиумската индустрија и медиумскиот бизнис, какви што се сопственичките и финансиските модели на највлијателните ТВ-канали, нивната програмска разновидност, политичкиот плурализам во медиумските содржини, улогата на регулаторот при развојот на структуралниот плурализам, програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и говорот на омраза во медиумите.Неизоставен и мошне битен сегмент во медиумската сфера, што години наназад е посочуван како еден од главните фактори што влијаат врз независноста, транспарентноста и кредибилитетот на медиумите, се сопствениците на медиумите. Токму затоа, решивме да им се обратиме и да им дадеме можност и на сопствениците и директорите на највлијателните медиуми во Македонија да ги кажат своите ставови и размислувања за иднината на аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија.Ги замоливме преку сопствени анализи да се осврнат на нивната визија за медиумската индустрија и бизнисот, како и да откријат што ново, поразлично и оригинално планираат да ѝ понудат на публиката во иднина. Исто така, ги прашавме и што, според нив, можат да направат државата и регулаторот за подобрување на околината и на условите во кои работат медиумските субјекти. Сметавме дека е важно да се слушне нивното мислење дали во нашиот политичко-општествен контекст е возможно телевизиите да функционираат слободно на медиумскиот пазар, без одржување релации со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Сопствениците и директорите на медиумите во своите текстови зборуваат и за тоа што значи јавниот интерес и како го поттикнуваат во рамките на своите медиуми, како една од основните вредности на современите демократии. Компилацијата текстови е достапна во прилог. Иднината на аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија3 MB