Aнализа за Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во РМ

Се чита за 0 мин.

Aнализата за Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во Реублика Македонија.

Aнализата нуди приказ на состојбата со радиодифузните и печатените медиуми на етничките заедници во државава, за условите во кои тие ги создаваат содржините и влијанието на регулаторната политика врз нивното работење, а се осврнува и на проблемите со нивната економска одржливост, на сегментирањето на публиката според јазичните преференци, на продукциско-техничките, кадровските и други проблеми со кои тие се соочуваат.  

Темата што се третира во оваа Анализа е важна од аспект на обезбедување културен плурализам во медиумите, кој би бил загрозен доколку различните културни и јазични групи немаат пристап до медиумите, доколку недоволно се претставени во медиумските содржини, ако нема доволно кадар од различните културни групи или, пак, не постојат доволно непрофитни медиуми наменети за малцинските групи.    
Инаку, оваа Анализа е трета во циклусот анализи што Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги реализираа како дел од заедничкиот проект со Фондацијата Фридрих Еберт, почнувајќи од 2010 година.

Анализата е прикачена во продолжение.