Уредниците ќе дебатираат за предизвиците во редакцијата

Се чита за 0 мин.

Како, во трка со времето, да се менаџираат вестите на креативени ефикасен начин? Кои одговорности, знаења и вештини треба да ги поседува “совршениот” уредник? Што е доброто и лошото во социјалните медиуми? Дали постои независно новинарство?

Ова се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на дводневниот Форум “Зајакнување на капацитетите и унапредување на позицијата на уредниците во медиумите во Македонија”, што ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2012 година, во хотелот “Арка” во Скопје.

Форумот е замислен како динамичен и интерактивен медиумски настан на кој сите учесници се добредојдени да се вклучат во дискусиите и да разменат мислења за одговорностите, надлежностите и улогата на уредниците во редакцијата. Во рамки на настанот ќе се организираат и презентации на медиумски организации, истражувачки агенции, граѓански активисти и нови технологии што може да претставуваат значајни ресурси за уредниците. Форумот ќе го адресира третиот приоритет од "Акцискиот план за подобрување на состојбата со медиумите" што се однесува на зајакнување на професионалните и етичките стандарди во новинарството, со фокус на работата на уредниците.

МИМ го организира настанот со поддршка на Амбасадата на Германија преку Пактот за стабилност.

Logo Nastan1