По долго време, сопствениците и менаџерите дебатираа за медиумскиот бизнис

Се чита за 0 мин.

Четириесетина менаџери и сопственици на поголем дел од водечките национални и локални електронски и печатени медиуми во земјава, за првпат по долго време, седнаа на заедничка маса да разговараат за состојбите во медиумскиот бизнис. На конференцијата “Пазарот на медиуми во Македонија - трендови и перспективи”, што ја организираше МИМ на 6 декември 2012, се дискутираше за предизвиците и развојните стратегии, како и за создавањето услови за поуспешен развој на пазарот на медиуми во Македонија.

На средбата, искуство и размислувања во регионален и глобален контекст понудија сопственици и менаџери од успешни медиумски бизниси од регионот - Матија Бабиќ, сопственик на популарниот хрватски портал Индекс, и менаџерите Иван Ловречек од РТЛ Хрватска и Томаж Дрозг од Адрија групацијата од Словенија. Во дискусијата активно учествуваа и претставници на СРД, новинарскиот синдикат и медиумски експерти.

Настанот се организираше со поддршка на Амбасадата на Германија преку Пактот за стабилност.