Конференција: Медиумска саморегулација – за одговорни и професионални медиуми

Се чита за 0 мин.

Утре, 30 април, претставници на медиумите ќе дискутираат за процесот на воспоставување на саморегулаторни механизми во медиумите во земјата, како дел од конференцијата „Медиумска саморегулација – за одговорни и професионални медиуми“, што ја организираат ЗНМ и МИМ во просториите на Стопанската комора, со почеток во 11 часот.

На настанот ќе бидат претставени досегашните резултати од проектот “Создавање услови за формирање Совет на етика во медиумите“, што го спроведуваа ЗНМ и МИМ во изминатите неколку месеци. Проектот има цел да придонесе во подигањето на свеста во медиумската заедница за важноста од создавање на саморегулаторното тело – Совет на етика во медиумите, во кое треба да членуваат претставници на новинарите, уредниците, сопствениците на медиуми и јавноста. Задачата на ова тело ќе биде да ја штити слободата на медиумите, да го промовира професионалното новинарство и да ги заштитува правата на јавноста.

Иницијативата за формирање на Советот на етика во медиумите се реализира со поддршка на Амбасадата на Велика Британија.

Дневниот ред за настанот е прикачен во прилог.