Изненадени сме од вчерашните изјави на Владата и на ЗНМ, и ја информираме медиумската заедница и јавноста дека за постигнатата согласност за усвојување на медиумските закони во итна постапка и во форма во која законите веќе се наоѓаат во собраниска процедура дознавме од медиумите. Вчудоневидени сме од најавата за дополнителни измени во законите, откако ќе бидат усвоени. Изјавите на вчерашната прес-конференција и искажаните ставови потоа се контрадикторни и создаваат дополнителна забуна.
Ние остануваме на ставот дека законот за медиуми е непотребен и не ги решава клучните проблеми на медиумската заедница, туку напротив, има потенцијал да создаде нови. Загрижени сме за можноста ваквиот тек на настаните дополнително да ја влоши медиумската состојба и да создаде уште поголем раздор во медиумската заедница.
Aktiv.mk
- Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции
- Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено
- Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор
- Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата