Конкурс за најдобра книга од областа на медиумите во 2013

Се чита за 0 мин.

Меѓународното научно списание "Медијски дијалози" објави конкурс за наградата "Дијалогос 2013" за најдобра книга од областа на медиумите во 2013 година. Наградата се доделува на автор или група автори за најдобра книга во регионот која е посветена на истражувања на културата и теоријата на медиумите.

Сите заинтересирани автори може да се пријават на конкурсот најдоцна до 31 март 2014 година. За пријавување треба да се испратат 4 примерока од книгата и контакт информации (куса биографија, поштенска и/или e-mail адреса, број на телефон) на следната адреса:

ul. Studentska bb. L 8-16, 81000 Podgorica,
со назнака Konkurs za nagradu "Dialogos 2013"

За повеќе информации околу конкурсот можете да контактирате со Јанко Николовски (076222190, janni618@yahoo.com) или директно во редакцијата на "Медијски дијалози" (http://medijskidijalozi.wordpress.com).

Изборот на најдоброто дело ќе го направи тричлено меѓународно жири, а резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на списанието и во медиумите. За победниците на конкурсот предвидена е парична награда.