Медиумите во Југоисточна Европа - Недоволно или премногу информации

Се чита за 0 мин.

На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржи годинешниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа, на тема “Медиумите во Југоисточна Европа - Недоволно или премногу информации”.

За време на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поврзани со пристапот до информациите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина.

На отворањето на Форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи на Р.Македонија, г-н Никола Поповски, кој ќе учествува во дебатата посветена на медиумите и политиката во земјава. Меѓудругите, на Форумот ќе учествуваат и пратеникот во германскиот Бундестаг, Јохан Вадефул, поранешниот претседател на Словенија, Данило Турк, како и претседавачот на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа, Ерхард Бусек.

Пред стартот на Форумот, ќе се одржи посебна сесија на која ќе биде претставен новоформираниот Совет за етика во медиумите на Македонија, каде ќе се дискутира за перспективите и предизвиците на Советот.

Овој регионален настан се организира во партнерство и со поддршка на повеќе организации од земјава, од регионот и пошироко, вклучувајќи ги СЕЕМО, УНЕСКО, ЕУ, Фондацијата Конрад Аденауер, ЦЕИ, Македонски институт за медиуми и други.