Конкурс за нов извршен директор на СЕЕНПМ

Се чита за 0 мин.

Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за назначување нов извршен директор. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.

Работните обврски на извршниот директор вклучуваат претставување на институцијата, стратешко планирање, управување со буџетот, оперативно планирање, управување со човечки ресурси итн.

Од кандидатите се бараат одлични познавања на клучните проблеми поврзани со медиумите и новинарството во регионот, минимум 5 години искуство во менаџирање и претставување на институции, искуство во спроведување меѓународни проекти итн.

Целосните информации за работното место и за процесот на аплицирање се достапни тука.

Сите заинтересирани кандидати треба да аплицираат најдоцна до 21 ноември 2014, преку е-пошта на: seenpmapplications@cij.hu