Конкурс за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“

Се чита за 0 мин.

Новинари од Балканот може да се пријават за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, што ја организираат Фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс.

Во текот на 2016 година, 16 избрани новинари ќе учествуваат на два двонеделни курса во Лондон (од 10 до 23 април) и во Берлин (од 11 до 24 септември), под водство на искусни поранешни новинари на Ројтерс. Учесниците, исто така, ќе бидат дел од студиски посети во Франкфурт и Брисел, каде ќе се сретнат со тамошните креатори на политики и со новинари кои следат економски и политички прашања.

Програмата ќе ги опфати следните теми:

• Пишување за пазарните економии во развој;
• Известување за пазари и за компании;
• Практични вежби, засновани на актуелни европски теми;

Апликантите треба да зборуваат англиски јазик, да се занимаваат професионално со новинарство и да имаат најмалку две години работно искуство во печатени, електронски или интернет-медиуми. Исто така, заинтересираните треба да имаат искуство во покривање на економски теми или на друг начин да го демонстрираат своето интересирање за економски или политички прашања.

Пријавувањето трае до 15 февруари 2016.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете овој линк.