Новинарството растргнато меѓу професионалните принципи и бизнисот

Медиумскиот бизнис и новинарството и улогата на државните институции во заштитата на медиумскиот интегритет, беа главните теми на Форумот „Интегритетот на медиумите и финансирањето - регионални искуства и домашни перспективи“ што го организираше Македонскиот институт за медиуми во рамки на регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“.

На форумот говореа медиумски експерти од земјава и од регионот, во присуство на сопственици и уредници на медиуми, како и претставници на медиумски организации, новинарски здруженија, како и домашни и меѓународни институции.

Запоставувањето на професионforum2алните новинарски стандарди во медиумите најмногу се должи на продорот на буџетски средства во медиумите, што, пак, директно придонесува за корумпирање на сопствениците на медиуми, уредниците и новинарите, истакна Младен Чадиковски, главен уредник на ТВ 24 Вести, во првиот дел од форумот кој беше насловен како „Кој ќе го плати новинарството?“ Според Горан Михајловски, сопственик и главен уредник на веб-платформата „Сакам да кажам“ доколку на новинарите не им се обезбеди добра плата и добри услови за работа тогаш не може да се очекува независно новинарство. Претставникот од регионалните медиуми, Меваип Абдиу, сопственик на ТВ Коха од Тетово, истакна дека уделот на националните телевизии во вкупниот профит на телевизиската индустријата постојано се зголемува, наспроти локалните и регионалните медиуми кои остануваат на маргините, со сериозни финансиски проблеми.

Милан Живковиќ, поранешен советник за медиумска политика во Министерството за култура на Хрватска, ги сподели искуствата и алтернативните мерки за поддршка на медиумите и новинарите. Меѓу другото, тој се осврна на некои од инструментите за државна поддршка на медиумите во Хрватска, како што се: намалување на данокот на додадена вредност за медиумите, основање фонд за медиумски плурализам и буџетска поддршка на непрофитните медиуми.

За улогата на државните институции forum3во заштитата на медиумскиот интегритет говореа Снежана Трпевска од Институтот за комуникациски студии, Мирослава Миленовиќ, член на Советот за борба против корупцијата на Србија и Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според Трпевска, досегашната медиумска политика не обезбедува услови за постоење разновидни, независни и автономни медиуми. Плурализмот на сопственоста на медиумите е само формално запазен, додека, во пракса се забележуваат скриени сопственички врски со владејачките структури, истакна таа. Претставничката на Советот за борба против корупцијата на Србија посочи дека без независни медиуми, како контроли на власта, невозможна е успешна борба против корупцијата. Таа потенцираше дека нивните извештаи ја потврдуваат врската помеѓу јавните пари и уредувачката политика на медиумите во Србија. Директорот на ААВМУ се осврна на медиумското законодавство во Македонија и на надлежностите на Агенцијата во насока на обезбедување на медиумскиот интегритет.