Новости

Povik2

Доделени 5 мали грантови за проекти за промовирање на политики и практики за унапредување на медиумската писменост

Македонскиот институт за медиуми, во изминатиот период како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“,  објави втор повик за доделување на грантови за граѓански организации и спроведе процедура за избор на најдобри предлог-проекти. На повикот, кој беше отворен од 4 септември до 4 октомври 2019, се пријавија вкупно 36 граѓански организации од земјава кои доставија преглог-проекти за 2-те групи на активности кои ќе бидат поддржани преку грант-програмата. Првата група се однесува на проекти насочени кон подобрување на вештините за медиумска и информациска писменост на граѓаните. Втората група се фокусира на проекти од областа на уметноста, медиумите и технологијата, кои промовираат иновации и пристапност до едукација за медиумска и информациска писменост. По комплетирање на администратината проверка на апликациите, стрчна жири-комисија спроведе постапка за квалитативно оценување на предлог-проектите кои успешно ја минаа административната проверка. Врз основа на оценките од жири-комисијата, Управниот одбор на проектот донесе одлука да поддржи 5 предлог-проекти кои беа најдобро оценети. Грѓанските организации и предлог-проектите кои ќе бидат поддржани преку оваа грант-програма може да ги погледнете во прилог. Листа на доделени грантови од вториот повик364.46 KB
JMA 2019 Online Banner Web1

Конкурс за наградата „Жан Моне“ 2019

Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми го објавуваат 17-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”. Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории: Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет); Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет); Најдобра аматерска фотографија. Конкурс за најдобра новинарска сторија Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година. Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми: Да се однесуваат на темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”; Да се објавени во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година; Да се потпишани со вистинското име на авторот. Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје. Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”, објавени во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година. Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми: Да бидат поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”; Да се објавени во периодот од 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година; Да не се користени за комерцијални цели. Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје. Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра. Конкурс за најдобра аматерска фотографија Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Чистата животна средина зависи од сите нас”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени. Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми: Да се однесуваат на темата „Чистата животна средина зависи од сите нас”; Да не се користени за комерцијални цели. Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје. Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра. Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Македонскиот институт за медиуми. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија. Дополнителни информации­­­ Жирито ќе се состои од седум члена - претставник од Делегацијата на Европската Унија, претставник од Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, претставник од Македонскиот институт за медиуми, и истакнат новинар од регионот како почесен претседател на жирито. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 16 декември 2019 година. Конкурсот на албански јазик е достапен тука.  
Javna.diskusija

Медиумската писменост да се воведе во формалното образование

Медиумската писменост е неопходно да се вклучи во образовниот процес уште од најрана возраст на децата, при што треба да се идентификува најсоодветен модел кој ќе овозможи ефикасна и лесна интеграција на овој пристап во наставата. Ова е заклучокот од јавната дискусија „Воведување на медиумската писменост во образованието“ што ја организираа Владата на РСМ и Македонскиот институт за медиуми во рамки на меѓународното одбележување на Деновите на медиумската писменост на УНЕСКО. Дискусијата беше организирана со цел претставниците на власта да ги слушнат размислувањата и ставовите на професорите, наставниците и учениците околу воведувањето на медиумската писменост во образованието. Наведувајќи дека граѓаните се „недоволно информирани или недоволно прецизно можат да проценат што се точни и квалитетни информации, а што се лаги, невистини и шпекулации“, министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата, истакна загриженост што државава е на последното место во Европа според проценката на точноста на информациите. „Има недоволна проверка на информации, незаинтересираност, немање желба, непрепознавање на аргументите, фактите и на сето она што не „бомбардира” секојдневно, поради што мора да се најде начин како да им се помогне на граѓаните да ја детектираат и подобро да ја препознаат оваа појава“, истакна Поповски, нагласувајќи ја важноста на медиумската писменост во овој контекст. Министерот за образование и наука Арбер Адеми порача дека преку инклузивен пристап, консултирајќи ги медиумите и експертите, земајќи ги предвид анализите на национално ниво и искуствата во другите земји, во следниот период треба да се најде најдобар модел медиумската писменост да се инкорпорира во националниот образовен систем. „Важно е да создадеме индивидуи кои уште од најмали нозе ќе можат да направат дистинкција помеѓу лажна и вистинска вест, а ова прашање влијае врз ставовите, размислувањата на секој поединец за одредено прашање“, додаде Адеми. Медиумската писменост без сомнение треба да стане дел од наставната програма, а ЕУ ги поддржува сите активности на властите во оваа насока, истакна Феручо Бого, политички советник во Делегацијата на Европската Унија. „Овие активности треба да придонесат младите да бидат активни и критички да ги примаат информациите, наместо да бидат само консументи. За да има резултати овој процес бара и соодветна обука на наставниците“, рече Бого. Зекирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието рече дека за да им се помогне на младите да израснат во граѓани кои ќе умеат да препознаваат како медиумите ги филтрираат нивните перцепции и убедувања, да ја обликуваат популарната култура и да влијаат на личните избори, медиумската писменост и култура како тематски содржини во нашите програми и натаму ќе бидат еден од начините на кој ќе се обезбедуваат вештини за критичко размислување и креативно решавање на проблеми. Наставниците и професорите сметаат дека од клучно значење за успешно воведување на медиумската писменост во образованието е да се идентификува најсоодветен модел кој што нема дополнително да го оптовари наставниот процес, а ќе им помогне на учениците ефикасно да развијат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. Тие истакнаа дека обуката на наставниот кадар е особено важна, за што треба да придонесе и новиот Закон за наставници со кој предвидува нивен професионален развој. Според наставниците потребни се ефикасни образовни политики кои ќе резултираат со образовен систем што ќе функционира добро во практиката. Присутните ученици апелираа да им се остави повеќе простор за изразување и размислување, наместо само за меморирање содржини, а побараа и квалитетни учебници и наставни содржини за да може процесот на учење да биде интересен и ефикасен. Настанот го организираа МИМ и Владата на РСМ со делумна поддршка од Европската Унија, во рамки на регионалниот проект  „Медиуми за граѓаните - граѓаните за медиумите“. Фото-галерија од настанот може да погледнете тука.  
Obuka1710

Медиумската писменост кај јавните сервиси

Новинари и уредниците од различни програмски сервиси на МРТВ учествуваат во еднодневна работилница за зајакнување на улогата на јавниот сервис во промовирање и унапредување на концептот на медиумска писменост во јавната сфера во земјава. Целта на работилницата е да создаде еднакво разбирање за концептот на медиумска писменост на ниво на јавниот сервис, како и за важноста јавниот сервис да прерасне во еден од главните актери во промоција на медиумската писменост. Работилницата ја води Мартина Чепман од Ирска, меѓународна експертка специјализирана за политики, стратегии, истражувања и проекти во областа на медиумската писменост.  Таа, преку, практични примери и презентации на искуства од други земји ќе им помогне на учесниците да утврдат конкретни иницијативи и начини на делување на МРТВ во областа на медиумската писменост, како и продлабочување на комуникацијата со публиката и зголемување на довербата во јавниот сервис. Работилницата ја организира Македонскиот институт за медиуми во рамките на проектот „Унапредување на медиумската и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ којшто го спроведуваат Албани асошиејтс од Лондон во партнерство со регионални организации за развој на медиумите во земјите од Западен Балкан. Проектот е финансиран од Британската влада.  
Povik Produkcija

Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини

Промовирање на медиумската писменост и веродостојност на информациите меѓу младите во  Р. С. Македонија. Краен рок за аплицирање: 28 октомври 2019Времетраење на проектот: 31 декември 2019Индивидуален буџет за предлог-проект: 3.000 британски фунтиВкупен број на грантови кои ќе бидат доделени од овој повик: До 2 Општи информацииАлбани асошиејтс (www.albanyassociates.com) и Македонскиот институт за медиуми, заедно со регионални организации за развој на медиумите го спроведуваат проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“. Главни цели на проектот се зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци и студентите по новинарство за верификација на информации, проверка на факти, продукција на медиумски содржини, како и унапредување на знаењата за концептот на медиумска и информациска писменост на јавните сервиси и подобрување на нивната способност за реализирање на јавни кампањи за медиумска и информациска писменост. Проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Р.С. Македонија, Црна Гора и Србија, и е финансиран од Британската влада. Иако се предвидуваат слични повици во сите овие земји, само медиуми кои се регистрирани во Р. С. Македонија имаат право да аплицираат на овој повик. Цели на повикотБројни истражувања покажуваат дека младите во Р. С. Македонија немаат доволно развиени вештини за медиумска писменост, не ги познаваат стандардите на професионалното новинарство и не се доволно свесни за одговорностите и улогата на медиумите во демократските општества. Покрај тоа, честопати им недостасуваат вештини за да ги проверуваат информациите и да се заштитат од погрешни или манипулативни содржини. Токму изучувањето на концептот на медиумска и информациска писменост им овозможува на младите безбедно и продуктивно користење на информациите кои ги примаат од различните медиуми. Исто така, истражувањата за ставовите на новинарите и дискусиите со младите во регионот, покажуваат дека и оние што произведуваат медиумски содржини и оние што ги примаат тие содржини веруваат дека честопати се појавуваат и споделуваат неточни информации за прашања од општ интерес, како што се здравството и животната средина. Со цел да се поддржи квалитетно и професионално новинарство и да се унапреди медиумската писменост на публиките во земјите од регионот, Албани асошиејтс и Македонскиот институт за медиуми објавуваат повик  за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумски содржини, со следните специфични цели (апликаните може да одберат една од нив или да направат комбинација од двете): Да ѝ се овозможи на младата публика во Р.С. Македонија (на возраст до 35 години) пристап до високо квалитетни и иновативни медиумски содржини кои ќе им помогнат подобро да ја разберат улогата на медиумите и важноста на професионалното и независно новинарство. Да се продуцираат високо квалитетни и иновативни медиумски содржини кои ќе ѝ овозможат на публиката со точни информации да се спротивстави на лажните вести во областа на здравството, заштитата на животната средина, локалната самоуправа, или, пак, други области од јавен интерес. Кој може да аплицира?Медиуми (печатени, ТВ, радио или онлајн медиуми) кои ги исполнуваат следниве критериуми: Да се регистрирани во Р. С. Македонија; Да се активни на медиумската сцена во Р.С.Македонија најмалку две години; Да имаат способност да допрат до поголема публика (статистика од веб страницата на медиумот, тираж, досег и сл.); Да имаат капацитет за продукција на квалитетни медиумски содржини (примери за продуцирани и објавени медиумски содржини); Апликациите кои не ги исполнуваат наведените критериуми нема да бидат предмет на разгледување. Секој медиум може да поднесе само една апликација. Прифатливи се копродукциски проекти, со еден апликант како носител на проектот, а останатите како коапликанти. Во случај на копродукција, сите апликанти и коапликанти треба да ги исполнуваат наведените критериуми за аплицирање. Какви содржини и теми ќе бидат поддржани?Предност ќе имаат мултимедијалните содржини со потенцијал за понатамошно објавување и споделување преку социјалните медиуми. Предложените теми треба да произлезат од специфичните цели кои се утврдени во повикот и можат да ги содржат (но, не задолжително) следниве примери: Улогата на медиумите и новинарството во заштитата на слободата на изразување; Критериуми за пристап до квалитетно и кредибилно новинарство, пребарување, критичкo оценување на медиумските содржини – онлајн и офлајн. Безбедност на интернет и заштита на податоци; Препознавање погрешни информации во медиумите; Транспарентност во финансирањето на медиумите и медиумската сопственост; Обезбедување точни информации наспроти погрешни или лажни информации од областа на здравството, родовата еднаквост, заштитата на животната средина, локалната самоуправа или друга област од јавен интерес. Прифатливост на трошоциСледните трошоци поврзани со продукција на медиумски содржини ќе се сметаат за прифатливи: Плати и придружни надоместоци; Трошоци поврзани со продукција, како што се патувања, опрема и други слични трошоци. Како да аплицирате? Формулар за апликација и образец за буџетАпликациите мора да се напишани на англиски јазик (на двата документа за аплицирање): формулар за аплицирање (преземи овде) образец за буџет (преземи овде) Дополнителни документиСекоја апликација мора да содржи: Скениран документ за регистрацијата на медиумот во Централниот регистар (за носителот и за коапликантот); Примери од скорешни продуцирани содржини кои ја демонстрираат способноста и капацитетот за продукција на медиумски содржини (по можност со линкови од претходно објавени содржини на носителот на проектот и коапликантот, доколку го има); Пополнет образец за буџет. Кога и како да се испрати апликацијатаАпликациите, пополнети на англиски јазик, мора да бидат поднесени преку е-маил на: mim@mim.org.mk со назнака „Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини“, најдоцна до 28 октомври 2019. Апликациите испратени по објавениот рок нема да бидат разгледувани. ПрашањаСите прашања во врска со повикот треба да бидат поставени на е-маил до или пред 18 октомври 2019 на mim@mim.org.mk со назнака „Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини“. Оценување и избор на апликацииСите апликации ќе бидат оценувани од страна на комисија за селекција од локални и регионални организации за развој на медиумите, според следните критериуми: Релевантност на предложената содржина во однос на целта на повикот (максимум 20 бодови); Квалитет на предложената содржина, пристап кон предложената тема, оригиналност на предлогот (максимум 40 бодови); План за промоција, објавување и дистрибуција на предложената содржина (максимум 10 бодови); Капацитет на медиумот за имплементација на предложениот проект, технички можности и искуство во продукција на содржини, заложба на апликантот за професионално новинарство, искуство на предложениот продукциски тим (максимум 20 бодови); Ефикасност на предложените трошоци, реално утврдени трошоци (максимум 10 бодови). Формулар за аплицирање (АНГ)92.39 KB Буџет (АНГ)23.46 KB  
Povik2

Втор повик за доделување грантови: Медиумска и информациска писменост за граѓански организации

Македонскиот институт за медиуми објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) со цел градење на нивните капацитети за промовирање на политиките и практиките поврзани со медиумската и информациската писменост на локално ниво во Северна Македонија. Овој повик за доделување грантови се спроведува во рамки на регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“, поддржан од Европската Унија. Проектот се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Повикот е отворен за сите ГО во Северна Македонија кои работат во областа на медиумите, едукацијата, застапувањето, јавните кампањи, продукција на уметнички програми или развој на иновативни дигитални проекти. Ќе бидат поддржани 2 типа проекти: Група 1: Проекти насочени кон подобрување на вештините за медиумска и информациска писменост на граѓаните, и Група 2: Креативни иновации – Проекти од областа на уметноста, медиумите и технологијата кои промовираат иновации и пристапност до едукација за медиумска и информациска писменост. Вкупниот буџет за овој повик за доделување грантови изнесува 20,000 евра, од кои 10,000 евра за секоја група. Индивидуалните буџети за предлог-проектите може да изнесуваат помеѓу 3,000 – 5,000 евра. Времетраењето на проектите може да биде од 6 до 10 месеци. Активностите може да започнат на датумот наведен во договорот за грант, а треба да завршат најдоцна до 30 ноември 2020 година. Документи за аплицирање:Упатство за апликантиФормулар за аплицирањеБуџетИзјава на апликантотОвластување од ко-апликант Следните документи се од информативен карактер и не треба да се приложат кон апликацијата: нацрт-договор за регрантирање, периодичен извештај, финален извештај. Доколку имате прашања поврзани со апликацијата за овој повик, може да ги испратите на: grantovi@mim.org.mk, најдоцна до 27.09.2019. Презентација од инфо-сесијата.   Крајниот рок за поднесување предлог-проекти е 04.10.2019. Информативната сесија за овој повик ќе се одржи на 12.09.2019 (четврток) во 11:00 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје (ул. Кирил и Методиј, бр. 50, во близина на канцелариите на Делегацијата на ЕУ). Презентацијата од информативната сесија ќе биде објавена на веб-страницата на МИМ.  
Mediumi

Соопштение на МИМ, ЗНМ, СЕММ и ССНМ: Бараме деблокирање на медиумските реформи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија. Ги повикуваме претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување при Собранието на Република Северна Македонија да го отпочнат процесот за избор на членови на овие тела. Секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата. Од изборот на членови во овие тела директно зависат долгоочекуваните системски промени во медиумската сфера, кои треба да овозможат медиумите да работат независно и професионално. Потсетуваме дека медиумските реформи се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Од друга страна се очекува транспарентен и правичен избор на членовите на двете тела врз основа на нивната стручност. Конкурсот беше отворен во јануари годинава, а одлуката за избор на членовите на двете тела требаше да се случи веднаш по претседателските избори. Укажуваме дека Владата, Парламентот, но и сите политички чинители имаат одговорност сериозно да пристапат кон овој процес и да се стават над партиските интереси за да се спречат понатамошни штети во медиумскиот сектор.  
Mccmw

4 граѓански организации ќе спроведуваат проекти за промовирање на политики и практики за унапредување на медиумска писменост

Македонскиот институт за медиуми, во изминатиот период како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“,  објави повик за доделување на грантови за граѓански организации и спроведе процедура за избор на најдобри предлог-проекти.
3maj

Соопштение на МИМ, ЗНМ, СЕММ и ССНМ по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), по повод Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај потсетуваат на потребата од сериозен ангажман на сите релевантни актери околу крупните реформски чекори во медиумскиот сектор во државата. Во изминатиот период се преземени извесни напори кои што резултираа со подобрување на амбиентот во кој работат новинарите и медиумските работници, што, пак, го подобри имиџот на државата во меѓународните извештаи за слобода на медиумите во светот. За илустрација, нашата земја е рангирана на 95-то место според последниот светски Индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, скокајќи 14 места во однос на претходниот извештај за 2018 година. Сепак, потсетуваме дека клучните системски промени во медиумскиот сектор сè уште не се завршени, меѓу кои се реформите во јавниот радиодифузен сервис и медиумскиот регулатор. Освен тоа, комерцијалните медиуми и понатаму се соочуваат со силни предизвици поради малиот и ограничен медиумски и маркетиншки пазар, што, пак, влијае врз квалитетот на медиумските содржини.  Во исто време, апелираме до власта и институциите на системот секое решение во однос на подобрување на состојбите во новинарството и медиумските содржини да биде во координација и усогласено со професионалната медиумска и новинарска заедница во државата. Во првата половина од 2019 година бележиме повеќе инциденти во кои што се повредени правата на новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, на што ние, како организации кои ги штитат интересите на новинарите, постојано укажуваме. Го повикуваме Основното јавно обвинителство и судовите да ги обработат и доведат до завршница случаите на повреда на правата на новинарите, како и случаите на говор на омраза, со цел да се надмине долгогодишната пракса на неказнивост, спречувајќи ја на тој начин неправдата кон новинарската и медиумската заедница. Потсетуваме и на потребата од преземање итни мерки во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, имајќи предвид дека половина од нив се без договор за вработување на неопределено време, а особено во сферата на онлајн медиумите. Во таа насока, од институциите на системот очекуваме санкционирање на постојаните прекршување на Законот за работни односи и обезбедување атмосфера која ќе поттикнува социјален дијалог и решавање на прашањето на работните услови. Четирите организации и во иднина ќе се залагаат за силно промовирање на медиумската саморегулација како механизам за унапредување на професионализмот, етиката и независноста во медиумите, спречување на влијанието на различни центри на моќ и исполнување на правото на јавноста за квалитетно и независно информирање. Во пресрет на вториот круг на претседателските избори во државата, четирите организации ги потсетуваат медиумите на нивните обврски да известуваат професионално и во согласност со Повелбата на СЕММ за етичко известување на медиумите, чии принципи се следниве: - вистинитост и објективност - избалансираност - јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите - чесност и независност - професионална солидарност меѓу медиумите - уредувачка независност и професионален интегритет - почит и толерантност -слобода и одговорност. Продолжуваме и понатаму со интензивната соработка со нашите значајни меѓународни партнери Европската федерација на новинарите (EFJ) и Меѓународната федерација на новинарите (IFJ). Заедно застануваме во поддршка на овогодинешната кампања на Меѓународната федерација на новинари (IFJ) „Улогата на медиумите во изборите и демократијата“, која се залага на медиумите да им се овозможи пристап до слободни и  разновидни информации, независни од влијанијата на центрите на политичка и економска моќ. Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)Македонски институт за медиуми (МИМ)                                                          Скопје, 3 мај, 2019