Промовиран извештајот „Зошто е важен интегритетот на медиумите“

Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска.

Извештајот има за цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија.

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е една од петте организации на граѓанското општество од споменатите земјите кои се партнери во истражувањето, како дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, финансиран од Европската Унија.

Електронското издание од извештајот на македонски јазик е достапно во продолжение: